Ѕвезда на новото видео за УФЦ 193 е 11 годишната Ронда Русеј (ВИДЕО)

ronda 11god

Во шоуто на Елен се појави новото промотивно видео за настанот УФЦ 193, а главна ѕвезда во него е 11 годишната Ронда Русеј и нејзиното откривање на џудото, а подоцна и на ММА.

Покрај Ронда и нејзините помлади верзии во спотот се појавува и нејзината мајка, всушност, главната и одговорна линост за она што е шампион на УФЦ и што е денес. На крајот на видеото го гледаме и Холи Холм, дури тогаш заклучуваме дека тоа е промотивно видео.

Но, она што е уште повеќе од тоа. УФЦ се обидува од Ронда Русеј да создаде пример за млади девојки, а со тоа дополнително да го искористи нејзиниот ѕвезден статус. Ова видео со сигурност успешно оди во оваа насока и тоа со вистинската порака.

УФЦ 193 ќе се одржи на 15 ноември во Мелбурн, на големиот Етихад стадионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON