Ѕверовите Кличко и Сталоне со убавиците Ирина Шајак, Наоми Кембел, Нина Добрев…(ФОТО)

S

Еден куп познати личности присуствуваа традиционалната годишна хуманитарната гала вечер организирана од еко-фондацијата на холивудскиот актер Леонардо ди Каприо. Ѕвездата од “Титаник” и “Волкот од Волстрит” во Сен Тропе собра десетици истомисленици, меѓу кои беа светскиот шампион во бокс, Владимир Кличко, колегите Силвестер Сталоне, Орландо Блум и Адриен Броди, актерките Кејт Хадсон, Голди Хоун Мерион Котијар, Мишел Родригез и Џоан Колинс, моделите Ирина Шајак, Наташа Поли, Наоми Кембел, Хајди Клуб, Петра Немцова и други.

Klicko stalone

Меѓу најгламурозните на вечерта беше Бугарката Нина Добрев, кој има голем успех во Холивуд. Ѕвездата од „Дневниците на вампирот“, која беше облечена во прекрасен бел фустан, нејзините сликите моментално станаа хит на интернет.

S

За расположението на гостите се погрижија Елтон Џон и американскиот пејач, музичар и композитор Џон Леџенд, кој е оженет за моделот на „Спортс Илустрејтид“, Кристин Тејган.

S

Традиционално се одржа добротворна аукција, благодарение на кој беа собрани речиси 40 милиони долари. Овие средства ќе бидат распределени меѓу организации и активисти, кои се борат против загадувањето на планетата и за спасување на ретки животни.

S

Оваа година гостите наддаваа за меч со Роже Федерер, експедиција на Арктикот со принцот од Монако, Алберт II, посета зад сцената на концерт на Мадона, фудбалски билети во ложата на Дејвид Бекам, како и куќа на приватниот остров на Лео во Белизе.

S

S

S

SS

S

S

S

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО