Американскиот ММА борец, Шон Џордан, победата над Жаред Канониера на 182 УФЦ настан во Лас Вегас ја прослави во спектакуларен начин, правејќи салто наназад.
Тешко дека некој во публиката можеше да очекува ваква прослава на Шон Џордан, по победата над Жаред Канониера на 182 УФЦ настан. За човек кој има 120 клиограми, тешко може да се поверува дека ќе направи салто наназад.
Но, тоа му успеа на Џордан.
По серијата удари во главата поразен на Канониера додека беше легнат на подот, Џордан го воодушеви бранот на задоволството кај публиката, за потоа тој да ја почести со салто.
Публиката беше воодушевена од акробацијата на Шон, а како изгледаше тоа, видете го видеотo.
http://youtu.be/OibmZnLwrpI