Зубаиров ќе се бори за награда од 5.000 долари на „Али Алиев“!

Zubairov porazen pobednik na EI

Македонскиот репрезентативец Халил Зубаиров на 6 јули ќе учетсвува на силниот турнир „Али Алиев“ во  Каспијск, Русија, како дел од подготовките за Светското првенство во Лас Вегас, каде што ќе се обиде да избори олимписка норма за Олимписките игри во Рио 2016 година.

Наградата за прво место е 5.000 долари, за второ 3.000 и за трето 1.000, а за тренерот на првакот 1.000.

Како што известуваат од БК Вардар, чиј член е Зубаиров, на турнирот ќе настапат и други борачи кои ќе бидат дел од нивниот состав, но и од репрезентацијата на Македонија, а настапуваат во Бундес лигата во Германија.

Тимур Хамикоев, кој се бори во грчко-римски стил, ќе земе учество на следните турнири „Саркасијан“ во Ереван, Ерменија, и на „опен Полска“ во Врашава, каде што треба да настапат сите борачи на Вардар.

„Во меѓувреме течат базичните подготовки, со акцент на развивање на писхо-физичката сила и издржливост (недостаток на нашите борачи на Европските игри во Баку)“, невдуваат од Вардар.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON