АктуелноБорењеОстанато

Зоран Шоров освои сребрен медал на „Константин Александру и Јоан В. Поповичи” во Романија

Зоран Шоров го освои сребрениот медал на Меѓународниот турнир за кадети „Константин Александру и Јоан В. Поповичи” во Букурешт, Романија, како дел од календарот на Светската боречка федерација (УВВ), на кој учествуваа 17 репрезентации.

Во категоријата до 80 кг во конкуренција на 13 борачи од 9 репрезентации, по убедливите победи со туш против шампионите на Романија, Бугарија и Естонија, денес во финалето е поразен од борачот од Туркменистан.

Нашата репрезентација вкупно освои три медали – еден сребрен и два бронзени. Бојана Ковачова и Суфијан Синани се закитија со бронзи.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON