Зоран Шоров е избран за спортски директор на Балканец, Виктор Богданов со нов мандат

Трикратниот олимпиец, носител на двa медали од ЕП за сениори, Зоран Шоров е избран за спортски директор на БК Балканец, најтрофејниот клуб во Македонија.

 

На Годишното редовно собрание на Балканец е избран и Извршниот одбор. На чело на Балканец и понатаму останува Виктор Богданов, а во потесното претседателство се Александар Лазаров и Дејан Богданов.

„Во оваа година нашите борачи учествуваа на 13 домашни и 13 меѓународни турнири, на ЕП и СП. Нашиот член , натурализираниот Македонец, Владимир Егоров, го освои осмото место на СП за борачи до 23 години. Децата на Балканец на Балканското првенство во Словенија освоија три медали.Планираме идната година учество на повеќе домашни и меѓународни турнири, како и на ЕП и на СП. Ќе вклучиме и нови групи млади борачи, за што ќе ни бидат потребни и нови тренери. Сега во клубот работат тренерите Давор Тасев, Мијалче Ананиев, а во работата помагаме и ние- јас и мојот брат Дејан. Годинава обезбедивме стипендии за Мартин Стојанов и Давид Мишев. Во клубот се вратија и Аце Арсов,Бобан Савев, Бобан Данов, Џан Назифов. Расплагаме со неколку млади, раскошни таленти кои се иднината на клубот“, рече Виктор Богданов, претседател на клубот.

„Видов дека во Балканец се работи добро и на долги патеки и затоа прифатив да работам во клубот, како спортски директор“, изјави легендата и најдобиот спортист на сите времиња на Штип, Зоран Шоров.
Во Балканец се подготвуваат и за евентуално обновување на Државно првенство за сениори, јуниори, кадети и пионери. Дали тоа значи дека Балканец се враќа на старите патеки-времето ќе покаже. Но, како што стојат работите-, штипскиот клуб има амбициозни планови во новата година.

Ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО