Зоран Пејов на маратонски семинар со Милан Ѓокиќ: Будење на вистинската КИ-енергија (ФОТО)

Од 25 до 27 август се одржа „Гашуку  семинар“ во Ниш, Србија, однонсо карате маратон кој беше воден од сенсеи Милан Ѓокиќ, носител на мајсторски појас 6 дан, следбеник на Казе ха рју шотокан стилот, а на истиот присутсвуваше и нашиот познат карате мајстор Зоран Пејов, на кого ова му е трет семинар ова лето по оние во Кочани и Охрид.

Семинарот е фасцинантен по експлозивноста, снагата и работата на перфектна техника. Или, беше присутна вистинска будо карате енергија, како што велат самите ученисници.

Семинарот е спроведен на отворено, во непосреден допир со природата, почнувајќи од 6 часот наутро до 13-14 часот попладне, без прекин. Основното мото е комплетно претопување со природата и со самиот себеси. Откривање на вистинското „карате до“ во себеси и будење на вистинската енергија (КИ) во себе. Демонстарција на вистинското карате КИ во реална и практична примена.

Инаку, сенсеи Ѓокиќ е еден од уцениците на легендарниот мајстор Таиџи Казе и еден од ретките следбеници на Касе-ха рју, којшто достојно го претставува и негува неговиот шотокан стил.

„На семинарот беа работени разноразни техники од повеќе дисциплини: техники на дишење, техники на медитација, техники на активирање на внатрешната енергија(КИ), техники на кихон, техники со разноразни реквизити, техники на макивара ситем итн. Се работесе на едно експертско и многу високо ниво за коешто е неопходно претходно познавање и големо искуство за вистинско разбирање на техниките коишто беа работени на овој доста висок и квалитетен карате семинар. Бев воодушевен од системот на работа и откривањето на сосема нови карате техники и дисциплини коишто беа работени и демонстрирани од сенсеи Ѓокиќ. Особено, што сето тоа беше во непосреден контакт со природата. Бидејќи се е енергија, тоа беше одличен спој на карате енергијата со мајката природа преку вистинскиот карате дух. Голема благодарност и честитки до сенсеи Милан Џокиќ за неговата покана и неговата организација на овој уникатен и прекрасен семинар“, изјави нашиот реномиран карате мајстор Зоран Пејов како предводник на шотокан Карате центарот „Пејов“ од Скопје.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО