Злато за Марија Димовска, сребро за Исмаил Туркер на Србија опен, денес е жетвата на медали

Од оние категории што се комплетно завршени и обработени на Европскиот куп „Србија опен“ во Белград македонските кикбоксери освоија златен и сребрен медал.

Златениот медал го освои Марија Димовска, а сребрениот Исмаил Туркер.

Но денеска, на завршниот се очекува жетва на медали, бидејќи многу наши кикбоксери беа во полуфиналето, а некои се пласираа и во финалето.

На турнирот настапуваат 450 кикбоксери со 567 натпреварувачки влезови од 101 клуб од 16 држави, при што македонската експедиција брои 90 натпреварувачи.

Резултати:

+ 60 кг, лоу кик, млади јуниори
Марија Димовска – златен

-54 кг, К1, млади јуниори
Исмаил Туркер – сребрен

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON