Злато за Доријан Петкоски, бронза за Мишела Јаулеска од ЏК Дрим на „Трофејот на Вршац“

ЏК Дрим вечера на Меѓународниот натпревар „Трофеј на Вршац“ во Вршац – Србија, освои два медала и пехар, еден златен и еден бронзен.

Златниот медал го освои Доријан Петкоски, а бронзата Мишела Јаулевска.

Успехот е постигнат во огромна конкуренција од 500 натпреварувачиод 67 џудо клубови од 12 земји.

Покрај тоа, истакнуваат од Дрим, одличен настап имаале и Теодор Петкпски, Анамарија Стојмиловска, Јован Џероски, Матео Мартиноски, Божидар Јулоски, но не успеале да се закитат со медал.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО