Успешен ден за македонските каратисти на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул, женскиот ката тим освои златен медал, а Берат Јакупи (-84 кг) сребрен.
Вчера Иво Цветковски (- 75 кг) беше трет, а во јуниорска конкуренција во кати Мишела Димокска е втора, додека сестра и Маријана трета.
Во македонската категорија до 84 килограми во Истанбул на Карате 1 Премиер лигата многу добар настап имаше и Виктор Кртсевски од Металург.
Крстевски извојува три победи и беше сопрен во четвртфиналето од турскиот каратист Ујгур Акташ, кој победи со 3-0. Виктор старуваше со победа над Мухамед Каја – Турција, борбата заврши 2-2, но судиите победата му ја доделија на нашиот каратист. Во второто коло со 6-0 салвеше против Романецот Калудиу Морарус, а потоа со 3-0 го победи Јертај Зангелди од Казахстан.
Симон Антиќ во репасажот беше совладан со минимален резултат од Ахмед Абдалах од Египет.
Емир Ќосовиќ (Металург), Сашко Патраклиев (Македонка) и Жарко Арсовски (Макпетрол) претрпеја порази во првите средби од Хади Самгхабади Сафи (Иран, 0-2), Салим Топалоглу (Турција, 1-2) и Денис Денисенко (Русија, 1-3).
Во оваа категорија имаше 52 натпреварувачи од 35 клуба од 19 земји, а шесмина беа од Македонија, при што Берат Јакупи го освои сребрениот медал.
Семир Ќосовиќ (+84 кг) од Металург имаше една победа и еден пораз. Тој го победи Михаил Давидов од Русија со 4-0, а беше поразен од Емре Ипек од Турција со 3-0.
Моника Стефановска (-68 кг, Макпетрол) во првото коло беше поразена од Викторија Резајева (Латвија) со 3-0. Бидејќи Резајева се пласира во финалето, Стефановска настапи и во репасажот. Таа најпрво ја победи со 4-0 Тугче Кучук од Турција, но во наредната борба беше совладана од Сејда Хафса Буруку со 3-1.
Ката тимот на Вардар (Исиќ, Ристовски и Станоев) претрпе пораз од ката тимот на Египет од 5-0.
Македонските каратисти по успехот се веднаш за турските кои освоија 21 медал (8-4-9), а ние како второпласирани 3 (1-1-1), додека Египет е трет со идентичен скор како ние.
ipon.mk/В.Д.