На петтиот таеквондо турнир „Зрењанин опен“ во Србија челновите на ТК Петровец освоија еден златен медал и два бронзени.
Ива Сандева во категоријата до 45 кг го свои златниот, а Дамјан Сандев во истата категорија но во машка конкуренција го освои бронзениот медал, како и Илина Ангеловска во категоријата до 59 кг.
На турнирот што одржа викендов учествуваа 508 натпреварувачи од четири земји: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
ТК Петровец настапи само со тројца натпревраувачи.
ipon.mk/В.Д.