Златните Руси од Олимпијдата во Рио добија по БМВ-икс 6 и по 55.000 евра

Ruski olimpijci so BMW i Medvedev

Русија на чело со Владимир Путин богато ги награди освојувачите на медали од Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

На медлиситите, по традиција, им беа дарувани со „БМВ“ автомобил и парична награда.

Како што соопшти Рускиот олимписки комитет, за златните медали следувал модел „икс 6“ и 55.000 евра, за сребрен „икс 5“ и 35.000, а за бронза „икс 3“ и 24.000 евра.

Некој ниту не преспал по добивањето на клучевите од луксуизниот џип, на интернет се појавил оглас за продажба на нов „икс 6“ со видливи налепници со кои се потенцирало освојувањето на златен медал од Рио. Но, за кратко време огласот е повлечен. Не е познато кој спортист се обидел да го продаде автомобилот. Според некои медиуми, потегот не е чуден затоа што дел од олимпијците немаат потреба од толку голем автомобил, ниту, пак, можат да ги одржуваат.

Еден дел од Русите ги критикуваат властите поради расипничкото однесување во ситуација кога голем дел од жителите се во тешка финансиска ситуација, односно здравството и пензискиот систем имаат големи проблеми.

Инаку, на Олимписките игри во Рио, Русите освоија 56 медали од кои 19 беа златни.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО