Во последно време малдиот натпреварувач на Таеквондо клубот „Бутел“ од Скопје, Дејан Георгиевски, го привлекува внимаието на спорстката јавност со своите настапи. Неодмана на „Софија опен“ го освои златниот медал во јуниорска конкуренциуја (А-класа), истиот успех го повтори и на „Милениум опен“ во Вршац, Србија. Или,на три меѓународни турнири за три месеци има биланс од два златни медали и еден сребрен.
На турнирот во Вршац имаше две борби во кои беше мошне убедлив. Во правта славеше со 6-0, а во втората го победи шампионот на Србија во апсолутна категорија со златен поен.
Од ТДК Бутел истакнуваат дека тој раноти напорно и ја темпира формата за Европското јуниорско првенство, што ќе се одржи кон крајот на оваа година во Литванија. За да биде во топ форма за ЕП планирано е тој да настапи на уште неколку силни меѓународни турнири.
Уште еден натпреварувач на ТДК Бутел се истакна на „Милениум опен“, тоа е Ненад Мрчковски, кој освои златен медал со четири добиени борби, а во финалето го победи противникот од Србија (ТДК Галеб, кој се смета за најдобар клуб кај соседите). Мрчковски беше прогласен за најдобар кадет на турнирот.
Ова може да ги радува селекторите на репрезентациите, бидејќи таеквондистите покажуваат добра форма, која може да резултира на ЕП.
ipon.mk/В.Д.