Златниот гонг за Беким Вјерда од Албанија, Денис Муаремовски најдобар македонски боксер (ФОТО)

„Златниот гонг“ го освои Беким Вјерда од Албанија кој во финалето го совлада Никола Стевановиќ од Србија. Вусшност, ова беше една од најдобрите борби на 47. Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“ кој се одржа денес во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Најдобар македонски боксер е Денис Муаремовски, додека најдобар техничар е Виолент Сулејмани. Најдобар странски боксер е Лазар Станоевиќ. Кристијан Ходак од Хрватска е најдобар тренер, а Бранислав Дамајановски од Србија е најдобар судија.

Македонија остана без победа на 47.Златен гонг, а вчера на Денис Муаремовски беше одземена чиста победа. Минатата година Гоце Јанески го освои Златниот гонг.

Нашиот репрезентативец Алмир Нуришов (56 кг, МКД) водеше борба на дистанца со Ардит Муња (АЛБ) во првите две рунди, а втората имаше доста елемнти на борење. Во третата Нуришов тргна поагресивно и имаше неколку успешни удари, затоа пак предниот лев директ и левата контра беа проблем за Алмир. Овие прецини удари и му ја донесоа победата на албанскиот боксер.

Кренар Зенели (АЛБ) и Матео Комадина (ХРВ,–60 кг) водеа технички дотерана борба со прецизни удари во серија од два до три удари. Победата му припадна на Комадина.

Аратн Алиу (МКД) и Индрит Соколи (АЛБ,-64 кг) тргнаа машки и се бранеа со гард, а противникот од Албанија се обидуваше со удари во тело да го отвори Алиу кој врќаше со повремени контри. Носот му беше раскрвавен, набрзо се најде во нокдаун. По прекинот тргна жестока со серија од неколку удари, брзо го погоди контрата на Соколи и тоа беше крај на борабата. Кратко траеше борбата која го подигна адреналинот во „Борис Трајковски“.

Виолант Силејмани (КОС,-64 кг) покажа техничка надмоќност против Мислав Ковачевиќ (ХРВ), посебно во втората рунда во која доминираше и цело време го диктираше темпото. И третата рунда помина како вторта со тоа што имаше многу посилни удари, посебно на крајот на рундата кога и двајцата си разменија по неколку удари.

Лазар Станојевиќ (СРБ,-69 кг) наметнуваше борба од близу со еден-два удари против Внехард Хазирај (КОС) во првата рунда, кој враќаше со контри и имаше широк радиус на движење. Втората рунда помина во техничко надмудрување со брзи напади. Третата рунда понуди квалитетен бокс, при што Станојевиќ беше подоминантен и зададе неколку теши удари. Тој победи со поделена одука на судиите.

Стефан Паниќ (СРБ,-75 кг) и Арјон Кајоши (АЛБ) водеа тактичка борба во првата рунда со по неколку прецизни удари. Втората како да намали темпото, но во третата не се штедеа, при што Кајоши беше малку понадмоќен, додека Паниќ доби и јавна опомена. Албанецот победи со едногласна одлука на судиите.

Никола Стевановиќ (СРБ, -81 кг) ја одбележа првата рунда со слино лево кроше против Беким Вједра (АЛБ) во првите секунди. Потоа се водеше чиста борба со мала предност за Беким, а Никола зададе три чисти аперкати на крајот. Фајтерска втора рунда во која Вједра демонстрираше голема техничка подготвеност и најчесто удираше во тело па во глава. Стевановиќ напаѓаше во третата за да го надполни изгубеното во првите две рунди, додека Вједра мудро избегнуваше директна борба, чувајќи го стекнатото. Ова беше борба за задоволство на публиката.

Фран Ходак (ХРВ,-91 кг) и Марко Доциќ (СРБ) повеќе беа во клинч отколку што имаа чиста борба, бидејќи си ги одмеруваа силите во почетната рунда. Малку повеќе искри кај тешкашите во втората рунда. И третата рунда беше со истото темпо како и втората. Доциќ победи со поделена одлука на судиите.

Петар Ходак (ХРВ,+91 кг) и Владан Бабиќ (СРБ) со брзи удари влегуваа во борбата и побрзо излегуваа. За одбележување е последниот удар на Бабиќ. Во втората рунда тргнаа пофанзивно и двајцата притоа имаа и по една серија во првата минута. Потоа Бабиќ беше понастојчив и на Ходам му бореја. Неговиот тренер ја прекина борбата затоа што Ходак даде знак дека не може да продолжи.

Финале – резултати
-56 кг Алмир Нуришов (МКД) – Ардит Муња (АЛБ) 1-2
-60 кг Кренар Зенели (АЛБ) – Матео Комадина (ХРВ) 1-2
-64 кг Артан Алиу (МКД) – Индрит Соколи (АЛБ) 0-2, КО, Р1
-64 кг Мислав Ковачевиќ (ХРВ) – Виолант Силејмани (КОС) 0-3
-69 кг Лазар Станојевиќ (СРБ) – Внехард Хазирај (КОС) 2-1
-75 кг Стефан Паниќ (СРБ) – Арјон Кајоши (АЛБ) 0-3
-81 кг Никола Стевановиќ (СРБ) – Беким Вједра (АЛБ) 1-2
-91 кг Фран Ходак (ХРВ) – Марко Доциќ (СРБ) 1-2
+91 кг Петар Ходак (ХРВ) – Владан Бабиќ (СРБ) 0-2, ТКО –Р2

Воведни борби
-56 кг Оран Шакировски (МКД) – Шпетим Бајоку (КОС) 0-3
-64 кг Кире Јаневски (МКД) – Патриот Бехрами (КОС) 0-2, КО, Р1

Ipon.mk/В.Д.

Фото: Дерби.мк/ ФБ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО