„Златниот гонг“ во петок и сабота во „Борис Трајковски“

Во петок и сабота се одржува 48-от Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“ под покровителство на Агенцијата за млади и спорт (АМС) и организација на Боксерската федерација на Македонија (БФМ), а по повод ослободувањето на Скопје, „13 Ноември“.

“Традицијата продолжува и оваа година. Една од најстарите традиционални спортски манифестации во Република Македонија, боксерски турнир „Златен Гонг“ годинава по 48-ти пат ќе се одржи во Скопје. Златниот гонг е синоним за секое боксерско име од светската боксерска сцена. На турнирот од далечната 1969 година па се до денес, продефилираа многу светски боксерски имиња, почнувајќи од легендарниот Мате Парлов, па се до првиот освојувач Звонимир Вуин, македонските боксерски легенди Реџеп Реџеповски, Мухамед Алија, Азис Салиху, Примислав Димовски, Вели Мумин, Аце Русевски и многу други боксери од велесилите во овој спорт како што се Куба, Русија, Италија Бугарија, Србија“, изјави на прес-конференцијата директорот на АМС, Дарко Каевски.

Покрај трофејот „Златен Гонг“ кој ќе го добие најдобриот боксер, ќе бидат доделени и пехари за најдобар техничар и најдобар македонски боксер. Признанија се предвидени и за најдобриот тренер, судија и странски боксер.

Пријавени се преку 40 боксери од Македонија, Албанија, Бугарија, Романија, Словенија, Србија и Косово.

Борбите ќе се одржат во малата сала од СЦ „Борис Трајковски“. Полуфиналните мечеви на програмата се на 9 ноември со почеток во 17 часот, финалето е на 10 ноември со почеток во 12 часот. Се очекува да се одржат 14 борби во полуфиналето и 9 девет борби во финалето.

Ќе се одржи е семинар за стручни кадри во боксерскиот спорт.

Во врска со послабиот кавлитет во последните години и отсуството на репрезентацијата на Англија, секретарот на БФМ, Душко Сачкарски, рече дека треба да се размислува и за промена на терминот, односно Златниот гонг да биде пред европско или светско првенство и да биде како контролен натпревар, на тој начин ќе се мотивираат репрезентациите да доаѓаат со најдобрите боскери.

БФМ на Македонија потпиша договор со Сенатор Македонија за генерално спонзорство на активностите на Федерацијата. Претсатвникот на компанијата, Мики Спасовски, рече оваа година решиле да го помогнат боксот и се надева дека ќе ги мотивираат малдите да се занимаваат со благородната вештина.

Македонија на Златниот гонг ќе ја преставуваат:
-52 кг Џан Демиров
-60 кг Јасин Лама
-64 кг Денис Муаремовски
-64 кг Алим Насуфи
-69 кг Гоце Јанески
-69 кг Љулзим Исмаили
-75 кг Октај Фератов
-81 кг Арсим Етеми

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО