„Златниот гонг“ од циркуски шатор до врвна меѓународна боксерска манифестација

Синоќа се одржа свечена прес-конфренција по повод 50 издание на Меѓународнио боксерски турнир „Златен гонг“, при што беа доделени плакети на заслужните за придонес и развој на оваа спортска манифестација.

Претседателот на Боксерската федерација на Македонија, Примислав Димовски, рече дека Златниот гонг си го зазема местото на картата турнири во светот, а од оваа година добива и интерконтинентална одлика. Пандемијата на коронавирусот се испречи да се одбележи јубилејот. Сепак, Димовски вети уште подобри изданија.

Престедателот на БФМ се заблагодари на основачот на Златниот гонг, Живко Дуковски, како и на Агенцијата за млади и спорт за финансиската поддршка. На Дуковски и на директорот на АМС Наумче Мојсоски и беа доделени плакети за придонес и развој на Златниот гонг.

Две легенди – Реџеп Реџеповски и Живко Дуковски

Основачот на Златниот гонг, Живко Дуковски, се осврна на почетокот на турнирот во далечната 1969 година, наведувајќи дека се одржал во циркуски шатор во паркот во Скопје, затоа што немало сала. Но, затоа имало имиња како Мате Парлов, Марјан Бенеш, Звонко Вуин, Аце Русевски и други.

Дуковски истакна оти му е мило што Златниот гонг годинава е добро организиран и се надева дека во иднина ќе гледаме уште посилни изданија на меѓународниот турнир.

Мојсоски се заложи за понатамошна поддршка на оваа реномирана спортска манифестација кај нас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО