„Златниот гонг“ ќе се одржи на 11 и 12 ноември во Скопје

Меѓунардниот боксерски турнир „Златен гонг“ ќе се одржи на 11 и 12 ноември во Скопје, објави Боксерката федерација на Македонија.

52-то изнадние на Златниот гонг ќе сеодржи во спортската сала „Македонско сонце“ при ОУ „11 Октомври“ во Ценатар.

Полуфиналните борби се во сабота со почеток во 15:30 часот, а финалните се во недела во 15 часот.

За прв пат турнирот ќе се одржи без неговиот основач Живко Дуковски кој почина на 22 јануари годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО