АктуелноКик боксТурнири

Златни медали за Петре Велков и за Силвио Мировски на ВАКО Светскиот куп Италија

Мировски во финалето славеше против Ислам Раметов од Туркменистан, а Велков над Матеуш Гржешков од Полска.

Уште две злата за македонските кикбоксери на ВАКО Светскиот куп Италија во Лидо де Јосоло. Златни медали освоија Сливио Мировски и Петре Велков.

Мировски во финалето славеше против Ислам Раметов од Туркменистан, а Велков над Матеуш Гржешков од Полска.

Уште позначјано е што овие медали се во сениорска конкуренција.

Претходно денес Калин Бабоски беше поуспешен во македонското финале од Андреј Смилевски.

Сега билансот на освоени медали е 7 – 3 златни, 1 сребрен и 3 бронзени.

„Денес на светскиот куп заврсија ринг борбите. Македонија со ринг борците од ова првенство се врака со 6 медали – 3 злата, 1 сребро и 2 бронзи“, вели селекторот Дејан Митровски-Урко и ги наведува освојувачите на медали: Силвио Мировски, Петре Велков и Калин Бабоски – златни, Андреј Смилевски сребрен, Мирко Василев и Давид Атанасовски – бронзени.

„Задоволен сум, но не потполно, бидејки уште треба да работиме на стабилност за време на борбите на нашите борци, да стекнуваат искуство и да ги учат да ги забележуваат аномалиите и слабостите на противниците, како и во целост да го изработат она што го тренирале“, вели Димитровски.

Денес почнуваат квалификациите во татами дисциплините кои на програмата се до недела, кога ќе бидат финалните борби.

Лоу кик

Сениори
-67 кг
Петре Велков (К1 арена) – Захед Хешеми (Швајцарија) 3-0
Петре Велков (К1 арена) – Ерик Гартнер (Словенија) 3-0
Финале
Петре Велков (К1 арена) – Матеуш Гржешков (Полска) 3-0

-71 кг
Силвио Мировски (Гладијатор Скопје) – Мидас Павија (Швацраија) 3-0
Силвио Мировски (Гладијатор Скопје) – Давид Плаза Секо (Шпанија) 3-0
Силвио Мировски (Гладијатор Скопје) – Ислам Раметов (Туркменистан) 3-0

Постари јуниори
-63,5 кг
Калин Бабоски – Фуркан Узар (Турција) 3-0
Калин Бабоски – Фабрицио Натале (Италија) 3-0
Финале
Калин Бабоски – Андреј Смилевски 3-0

Андреј Смилевски – Еван Колинс (Ирска) 3-0
Андреј Смилевски- Леопард Кустанџи (Унгарија) 2-1
Финале
Андреј Смилевски – Калин Бабоски 0-3

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON