Златни медали за Климоски и Јосифовски на „Лехел Везер“ во Унгарија!

taekvondo leskoec Ungarija

Таеквондо клубот HWA RANG ITF од Лескоец, Охрид, освои пет медали на силниот Меѓународен турнир „Лехел Везер“ во Унгарија.

Златни медали освоија Миле Климоски во сениорска конкуренција во форми и Филип Јосифоски во борби. Климоски (-64 кг) освои и  медал сребренво борби. Давид Велкоски, Дејан Латиноски и Александар Митрески освоија бронзени медали во борби.

„Александар Јованоски и Антонио Јанески во четвртфиналете беа оштетени од страна на судиите, од Антонио очекувавме злато, ама тоа е, кај да одиме сите се против нас“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски.

На турнирот учествуваа клубови од Македонија,Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Австрија, Унгарија,Романија, Молдавија, Чешка, Аловачка и Холандија.

„Во првиот кругсите наши натпреварувачи зададоа нокдауни. Демонстрираа сила и техника, а судите беа немоќни, иако цело време беа против нас. Три пати не оштетија, ама, пак сме задоволни“, вели Лазаревски.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО