АктуелноБорењеОстанато

Златни медали за Илија Атанасов и Мехмет Усинов од Бучим во Стара Загора

Борачите на Бучим Илија Атанасов и Мехмет Усинов ги освоија првите места во категориите на Меѓународниот турнир за У-20 „Старозагорска бореча слава“ во Стара Загора, Бугарија.

Атанасов во категоријата до 125 килограми забележа три победи со туш (првата борба 5-0 со туш, втора 5-1 со туш борач на Лирија и 8-0 со туш).

Усинов до 57 кг имаше 4 борби, при што две победи се со технички туш и две на поени.

На турнирот учествуваа борачи од Бугарија, Македонија, Романија и Молдавија.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON