Македонските борачи Владимир Егоров и Фати Вејсели вчера освоија златни медали на престижниот Меѓународен турнир во борење „Јон Корнијану & Ладислау Симон“ во Букурешт, Романија.
Момците на тренерот Могамед Ибрагимов во финалните борби славеа против борачи од Молдова, додека Вероника Рјабоволова (-50 кг) поради повреда загуби во првото коло.
Резултати:
70 кг
Фати Вејсели – Хомадов (Туркменистан) 2-2
Фати Вејсели – Цирилов (Молдова) 4-2
Финале
Фати Вејсели – Сацултан (Молдова) 10-0
61 кг
Владимир Егоров – Даниел Попов (Израел) 7-0
Владимир Егоров – Георги Вангелов (Бугарија) 0-3
Владимир Егоров – Елојан Арман (Франција) 4-2
Финале
Владимир Егоров – Игор Чичион (Молдова) 2-1
Фото: ФБ