„Златна Олимпија“: Мери Акиевска најуспешна спортистка, а Мила Рељиќ најдобра млада спортистка за 2023 година

Националната шампионка со освоено злато на Светското првенство во фитнес и бодибилдинг, Мери Акиевска ја доби наградата „Златна Олимпија“ за најуспешна спортистка за 2023 година.

Македонскиот олимписки комитет вечерва по трет пат ја додели наградата „Златна Олимпија“ во вкупно 11 категории.

За најдобра спортистка со попреченост годинава беше прогласена Јулијана Петровска – Специјална олимпијада на Македонија, додека, за најдобра млада спортистка беше прогласена Мила Рељиќ- таеквондо.

За најдобар женски тренер вечерва беше прогласена Билјана Црвенковска, а за најдобра женска репрезентација е прогласена фудбалската репрезентација до 17 години.

Посебното признание за животно дело вечерва замина во рацете на Катица Димова, додека наградата за спортски подвиг за 2023 го освои Благица Владимирова.

Најуспешна спортска новинарка, според МОК, годинава е Јана Серафимовa Петровска, а најуспешна спортска менаџерка Билјана Кузмановска Николовска.

Анета Павловска беше прогласена за најдобра судијка, а Велосипедската федерација за најуспешна федерација во унапредување на родова еднаквост.

МОК вечерва додели и повеќе признанија на партнери и соработници од Македонија и странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО