АктуелноМеѓународна сценаММА

Златко Петровски порaзен од Саво Лазиќ за појасот на МФЦ (ВИДЕО)

Во борбата за појасот на МФЦ во категоријата до 70 килограми велешанецот Златко Петровски со прекин во првата рунда е поразен од Саво Лазиќ на МФЦ 5 во Подгорица, Црна Гора.

На Петровски ова му е прв пораз и сега има скор од 5 победи и 1 пораз, додека за Лазиќ ова е 7 победа и четврта со прекин и 2 порази.

Петровски се трудеше со неколку уривања да дојде во позиција за да го покаже мајсторството во бразилско џиу џицу и да ја заврши борбата, но Лазиќ успешно ги избегнуваше нападите, а и доаѓаше и во доминантна позиција и задаваше уадри. Во една таква акција при крајот на рундата, односно во четвртата минута, Лазиќ се извлече од нападот на Петровски и до дојде во доминантна позиција, задавјќи му тешки удари во главта на нашиот борец, при што судијата интервенираше и ја прекина борбата.

Борбата може да ја погледнете на овој ЛИНК.

Ipon.mk/В.Д.

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON