Европскиот шампион Металург на прием кај градоначалникот на Гази Баба

Европските шампиони на Карате клубот Металург денска имаа прием кај градоначалникот на Општина Гази Баба,Тони Трајковски.

Минатиот викенд во Приштина-Косово, на Европското првенство за региони составот на Металург: Мартин Несторовски, Азис Исмаил, Виктор Крстевски, Петар Спасеновски, Емир Ќосовиќ, Семир Ќосовиќ и Давид Петков, предводени од тренерот Мирче Јанушевски ја освоија шампионската титула.

Градоначалникот им го честиташе успехот на каратистите на КК Металург.

„Успехот на карате клубот Металург успех на Општина Гази Баба и на Република Македонија. Поддршката која општината ја дава на овој клуб ќе продолжи и понатаму“, рече на средбата градоначалникот Трајковски.

Тој истакна дека овој успех е уште поголем, затоа што е остварен во екипна конкуренција.

„Да се освои пехар во екипно натпреварување, потребно е сите натпреварувачи да бидат одлично подготвени и мотивирани, а тоа се должи на нивните напорни вежби и дисциплината. Голема заслуга има и упорноста и искуството на тренерот Мирче Јанушевски, кој го прнесува своето знаење на помладата генерација“, истакна Трајковски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО