Златко Неделковски подготвува самозаштита од нож и остар предмет (ВИДЕО)

Во денешно време се повеќе има напади врз граѓани кои се прободени со нож или остар предмет, во таа насока грандмастер Златко Неделковски одлучи, по долгогодишно испитување и неговата 50-годишна работа со боречките вештини, да направи видео материјал за самозаштита кој ќе биде достапен за сите.

Имено, 100 отсто заштита од напад од нож или остар предмет не постои, но Златко Неделковски се надева дека со примената на техниките на самозаштита, колку-толку, е можно да се помогне во превенцијата, а сетоа тоа е прикажано со примери.

„И еден живот да е спасен, и една повреда да е се избегне е успех“, вели Неделковски.

Затоа погледнете ги овие секвенци од најавениот видео материјал за кој како што не информираше грандмастер Златко Неделковски е во тек на снимање и штом е целосно готов ќе се промовира и бесплатно ќе биде достапен за секого.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО