По одличниот успех на кикбоксерот Александар Димовски – Димса на настанот Кинг оф Кингс Гранд при во Сараево, каде што извојува дев победи, прво против Словенецот Саша Јовановиќ со ТКО во третата рунда, а потоа и против домашниот борец Санид Имамовиќ со нокаут во првата рунда, се огласи мајсторот на боречките вештини и негов тренер во рингот Златко Неделковски.
„Јавно да му честитам на Димса Александар Димовски за лавовските борби и не случајно реков дека ќе го претворам во ѕвер, затоа што се бореше со „ѕверови“, меѓутоа луѓе со добро срце и потоа станавме добри пријатели.
Ви благодарам за дружењето Санид Имамовиќ и Сале Јовановиќ.
Ти благодарам Димса Александар Димовски што ги издржа моите пеколни тренинзи. Ти благодарам што секоја моја сугестија од аголот ја реализираше во истиот момент. Јас ти бев само една мала коцка од мозаикот за да биди комплетен, ти си шампион.
Благодарност и до Владе Јовчевски и Пеце Кртан Јовановски кои што ни помогнаа безбедно да одиме и да се вратиме дома.
А, драги членови на мојата ЗА НЕД ДО академија, ви благодарам што имавте разбирање за секое мое отсуство.
И кога сите не веруваа, јас и Димсата бевме сигурни во она што го трениравме.
А најголема благодарност до нашите фамилии, мојата и на Димсата, што беа со нас секоја секунда“,напиша Неделковски на ФБ и му порача на Димовски: „Димса Александар Димовски, одмори се убаво, затоа што те чекаат нови пеколни тренинзи и предизвици“.
Ipon.mk