Златко Димоски: Со малку к’смет, се надевам на добри вести од Џакарта!

Podgotovki Dojran kata

Карате репрезентативците на Македонија се на подготовки во Дојран за Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Џакарта, Индонезија, а тренерот на нашата селекција во кати, Златко Димоски, ќе може да смета на услугите на близначките Маријана и Мишела Димоски, Киријана Камческа, Абдурахим Идризи и Фери Исиќ.

Zlatko so reprezen dojara

Ката тимот го сочинуваат Маријана, Мишела и Киријана, а во поединечна ќе настапат Идризи во кадети, Маријана во јуниорки и Фери Исиќ во јуниори У-21.

Со подготовките сме во завршна фаза. Ова светско првенство го чекаме и се подготвуваме две години. На претходното, со ката тимот се боревме за бронза и се пласиравме на петото место. Сега сме максимално подготвени, но, сепак, ни треба и спортска среќа, добар жреб и добар и храбар панел на судии кои реално ќе судат. Фаворити се Шпанија, Италија, Франција, Египет… Но, во оваа група се и Германија, Турција, Виетнам, Словачка. Секако, тука го вбројувам и нашиот тим, но велам, потребна е и спортска среќа и праведно судење“, истакнува тренерот на репрезентацијата Златко Димоски.

kata tim dojran

Сепак, нагласува тој, ова е најсилното првенство и нема слаби противници и се е можно.

„Поединечно сите се подготвени и местото во репрезентација го заслужија со многу труд и резултати во континуитет, не само оваа година, туку во минатите две години, сите имаат резултати на ВКФ првенства, како на балкански, медитерански и премиер лиги за сениори. Имаат искуство и со малку среќа и максимално залагање се е можно. Успех и добар резултат е пласман барем во првите осум. Ќе биде тешко, но имавме тешки тренинзи и подготовки. Секогаш на репрезентативците им велам за големи резултати поттебен е голем труд. Ние две години сме со резултати, посебно со ката тимовите(злато на Премиер лигата во Истанбул, злато на балкански првенства -јуниорски и сениорски, како и медали од светските купови на Маријана и Мишела 2013,2014,2015 година. Исто и Фери 2015,Киријана 2013,2014 година, а Идризи од Балканско. Интензивно се подготвуваме од мај и цело лето, и, со малку к’смет, се надевам на добри вести од Џакарта“, резонира Димоски.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО