Златко Димоски: Одиме на златен медал! (ВИДЕО)

Zlatko Dimoski

Од Балканското првенство за јуниори и кадети, иако ката репрезентацијата е секогаш помалубројна од кумите, сигурно одиме на медал, и тоа не еден туку на неколку, се надевам златни, вели тренерот за кати на репрезенатцијата, Златко Димоски, пред утрешните натпревари на Балканското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година.

„Ова го темелам на фактот што порано, пред десетина години, Македонија мноуг ретко и тешко освојуваше медали во ката натпреварите, сега, последниве неколку години, ката репрезентативците се препознатлив бренд, не само на Балканот, туку и во Европа и во светот, освојувајки медали сениорски, јуниорски Балкански, Европски и Светски првенства, како и на Светски куп за јуниори, Карате 1 Премиер лигите за сениори. Иако овие медали се освоени репрезентативците на КК Ронин-Прилеп, за ова Балканско првенство се појавуваат и нови потенцијални имиња на репрезентативци и од другите клубови, од кои може да се очекува добар пласман на БП“, констатира Димоски.

repezenatcija kkata

Тој очекува финале за ката тимот, кои го сочинуваат близначките Маријана и Мишела Димоски (кои се костурот на сениорскиот тим, заедно со Пуликсенија Јованоска), кој беше балкански сениорски првак во Охрид,сребро на Медитеранско првенство за сениори, Бар 2014,бронза на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул. Близначките, заедно  со Искра Каракашоска,освоија бронза  на Европското првенство во Лисабон во фебруари 2014 ,а беа и 5ти на СП за јуниори Гвадалахара 2013. Истиот тим на минатогодишното Балканско во Крагуевац стигна до финалето и го освои сребрениот медал.

„На ова Балканско со тимот одиме на златен медал“, самоуверено тврди Димоски.

Тој појаснува дека во кати, за разлика од кумите, сениорите се натпреваруваат со полни 16 години,така што јуниорите кои имаат 16 години имаат право да настапуваат и на сениорски првенства.

Во поединечна конкуренција очекува добар пласман и медал од трите девојки од тимот во јуниорки. ”Најопасен”  противник, според него, е Турчинката Бозан. Кај машките очекува добар резултат од Фери Исиќ и Маријан Бешлиев,а кај јуниорките У21 смета дека е зрела за резултат Марија Матракоска.

Кај кадетите добар резултати се очекуваат од Киријана Камческа, Матеа Талеска, Анастасија Матеска, како и од кичевчанката Теодора, но и од Константин Василески и неколку нови кадети, за кои ова е прво балканско првенство во кадетска конкуренција.

„Секако, дека ова е многу битно првенство, пред се, за конечниот состав на ката репрезентацијата за ЕП во Цирих во фебруари 2015 година“, истакнува Димоски.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON