АктуелноМеѓународна сценаММА
Златен медал за Воденски во Германија
Кистијан Воденски на четвртото Меѓународно Првенство на Германија денес го освои златниот медал во шуто граплинг за деца.
Годинава Кистијан не знае за пораз во БЏЏ и граплинг. Тој е единствен натпреварувач што ги тренира мешаните боречки вештини и во континуитет постигнува резултати.
Поради успесите на Воденски неколку фирми се заинтересирани да му бидат спонзори од јануари 2015 година, како „Олимп спорт“ за саплементи и „Сенчери“ кои изработуваат опрема за УФЦ и НАГА. Воденски ќе добива по 300 евра, опрема и плакати за сите натпревари. Ќе ги покриваат сите трошоци за патување и сместување, како и котизации.
Пред извесно време Кристијан победи стана европски шампион во „Експерт дивижн БЏЏ (бразилско џиу џицу) односно во категоријата од 22 до 27 килограми. Фактички, тоа е најтешката категорија за деца-експерт класата.





