Насим Хамед и Ридик Боу во Куќата на славните!

Nasim HAMED

Поранешните светски шампиони Насим Хамед (Англија), Реј Мансини (САД) и Ридик Боу (САД) се најновите членови на Куќата на славните во бокс.

Официјално, тие ќе влезат при наредното претставување на номинираните, кое ќе се одржи следната година.

Англичанецот стана една од најпопуларните боксери во 90-те и почетокот на новиот век со атрактивниот стил. Атрактивниот Мансини беше шампион во лесна категорија во 80- те. Ридик Боу беше една од последните големи американски ѕвезди во тешка категорија. Неговите најславни моменти беа во 90-тите години, кога направи неверојатни средби со Ивендер Холифилд.

Меѓу другите интересни избраници се коментаторот на ХБО, Џим Лампи и судијата Стив Смагар.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО