Трета недела по ред џудистката Резарта Алими освои златен медал од некој меѓународен турнир, така беше викендот што измина во Полска.
Алими овој успех го оствари во кадетска конкренција со три победи. На турнирот учествуваа-повеќе од 700 натпреварувачи од 13 земји.
Резарта настапува ЏК Полиција од Приштина, Косово, а има и македонско државјанство, бидејќи нејзините родители се од Скопје. Има најави дека ќе биде регистрирана и за македонски клуб, но Комисијата за регистрација при ЏФМ се уште не ги рагзледала сите барања на клубовите.
Ipon.mk