АктуелноКаратеОстанато

Златен медал за Реџеп Рушити во отворената категорија на Карате Гранд при Кроација во Риека

Реџеп Рушити направи нешто што го посакува секој каратист во својата кариера – освои златен медал во отворената категорија (порано нарекувана апсолутна категорија) на Меѓународниот турнир Карате Гранд при Кроација во Риека, Хрватска.

Ова злато добива на тежина бидејќи е сволвадан еден од најдобрите светски каратисти – Енес Гарибовиќ од Хрватска со 4-3.

Рушити успеа да се воздигне по поразот во финалето со нашиот Данило Божовиќ (Макпетрол) во категоријата до 84 килограми, исто така во сениорска конкуренција.

Ако се сочува конакуренцијата на домашен терен во оваа категорија, Македонија добива квалитет и квантитет и за највисоки дострели.

Со златото на Реџеп Македонија првиот дена на овој силен турнир го завршува со 7 медали – 3 злата, 2 сребра и 2 бронзи.

На турнирот настапуваат 1270 каратисти со 1571 натпреварувачки влезови од 26 држави, односно 233 клуба.

Отворените категории се со награден фонд, а Рушити освои 1000 евра.

Резултати:

Отворена категорија
Реџеп Рушити (Куштрими) – Јакопо Балдо (Италија) 8-0
Реџеп Рушити (Куштрими) – слободен
Реџеп Рушити (Куштрими) – Тома Милета (Хрватска) 3-0
Финале
Реџеп Рушити (Куштрими) – Енес Гарибовиќ (Хрватска) 4-3

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON