Златен медал за Никола Ангеловски на Западно-германското првенство

Џиу џицу клубот Ханау во 2012 за кој настапува кумановецот Никола Ангеловски изминатиот викенд учествуваше Западно-германското првенство во џиу-џицу борбите во Маинтал.

Никола Ангеловски во У – 21 69 килограми се квалификува за Државното првенство на Греманија. Според клупскиот тренер, Никола покажал технички софистицирани борби, оставајќи ги своите противници без шанси против него. Никола Ангеловски по Светското првенство во Грција се враќа во топ форма и се претставува на највисоко ниво со доза наголема концентрираност. Сите три негови борби против противниците од Граѓаните -Браќата Грим  со техничка супериорност. Тој се пласира на Државното првенство и според неговиот тренер заслужуваа да го освои златниот медал.

Од неговиот клуб пласман обезбедија 12 натпреварувачи, од кои 7-мина беа прваци.

Инаку на Првенството имаше борци од државите/покраините Сар, Северна Рајна-Вестфалија, Рајнската област-Пфалц и Хесен и беше од квалификациски карактер Германското државно првенство 2017.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО