Љотрим Ливорека освои златен медал на таеквондо турнирот „Омега куп Белград“ во Србија.
Ливорека е член на ТК Петровец, а неговите клупски другари Љатив Ибраими и Никола Џеповски освоија бронзени медали. Исто така и членовите на ТК Делини Илинден имаа успех: Стефан Миленковски беше втор, а Христијан Спасовски и Марија Пешевска трети.
Викторија Варадинова и Дарко Рунчев од Штип, како членови ТК Штип и КБК Гладијатор, може да бидат задоволни од својот настап, затоа што Вардаинова го освои бронзениот медал, а Рунчев, како добар гостин, „не сакаше да го навреди домаќинот“ и загуби со еден поен во финалето.
На „Омега купот Белград“ учествуваа 535 натпреварувачи од 12 земји.
ipon.mk/В.Д.