
Во македонското финале на Европскиот кик бокс куп Атина челинџ во Грција Калин Бабоски (ЦБС Адора) беше поуспешен од Андреј Смилевски (Ронин). Така, Бабоски освои златен, а Смилевски сребрен медал.
Воедно, Бабоски доби пехар за најуспешен натпреварувач во дисциплината лоу кик за помлади јуниори.

На турнирот учествуваа 1320 кикбосери со 2363 натпрварувачки влезови од 230 клуба од 32 држави.

Македонските кикбоскери со вчерашниот ден освоија вкупно 4 медали – 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени.
Резултати:
Лоу кик
Постари јуниори
-63,5 кг
Калин Бабоски (ЦБС Адора) – Алексиос Митропулос (Грција) 3-0
Финале
Калин Бабоски (ЦБС Адора) – Андреј Смилевски (Ронин) 3-0

Андреј Смилевски (Ронин) – Аднан Шахеен (Изарел) 3-0
Андреј Смилевски (Ронин) – Гиорги Кухалашвили (Грција) 3-0
Финале
Андреј Смилевски (Ронин) – Калин Бабоски (ЦБС Адора) 0-3



