АктуелноБоксПрофесионален

Муратала ја задржа титулата на ИБФ по контроверзната борба со Енди Круз во Лас Вегас

Одлична боксерска вечер се одржа во Лас Вегас, а во главнат борба Рејмонд Муратала ја одбрани титулата светски шампион во лесна категорија на ИБФ против олимпискиот шампион Енди Круз.

Муратала започна посигурно и поведе во првите рунди, но од четвртата рунда Круз ја презеде иницијативата и го изедначи темпото. Борбата понуди висок интензитет и постојани размени, што ја држеше публиката ангажирана до самиот крај.

Во втората половина шампионот повторно го наметна својот ритам. Недостатокот на искуство на Круз против елитни професионалци беше очигледен во клучните моменти, иако Кубанецот остана конкурентен до последниот гонг.

По 12 рунди судиите беа поделени – 114-114, 116-112 и 118-110 во корист на Муратала, кој ја забележа првата успешна одбрана на појасот.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON