Младите и перспективни џудисти на Пролетер од Прилеп викендов што помина освоија шест медали на Меѓународниот турнир „Сакура 2016“ во Катерини, Грција.
Пролетер учествуваше со осум натпреварувачи, четворица од нив настапија во финалето. Хелена Зографоска на импресивен начин со ипон го освои златниот медал, додека, пак, Давид Спиркоски, Димеска Теодора и Ристетски Гоце ги делеа нијанси од златните одличја и освоија сребрени медали. Бронзен медал во исклучително тешка конкуренција освои младиот перспективен џудист Галески Тадеј и поискусниот Лука Петејчук кој имаше најмногу борби на овај натпревар и стекна големо искуство .
На исклучително силниот турнир настапија преку 600 натпреварувачи.
Ipon.mk