Филип Додевски (-74 кг) освои златен медал на Меѓународниот таеквондо турнир „Омега куп“ во Белград, Србија, ако сениорска конкуренција. Јуниорот Додевски одлично с еснајде во сениорска конкуренција и со три победи дојде до златниот медал.
Анамарија Георгиевска го освои сребрениот медалсо две победи и пораз во финале во последните секунди против актуелната европска шампионка од Србија.
Таеквондисти на Бутел се бореа за медали и во другите категории, но за тие резултати нешто подоцна.
На овој турнир не настапија неколку борци од клубот кои се репрезентативци на Македонија.
Ipon.mk/В.Д.