Златен медал за Фаик Весели во борби и бронзен за Маријана Димоска во кати на Светскиот младински куп во Умаг-Хрватска.
Фаик Весели (-61 кг) е во финалето на Светскиот младински куп во Умаг го освои првото место совладувајќи го во финалето Милош Сабиецки од Полска со 2-0, а во полуфиналето полуфиналето Виктор Сетфанјук од Шпанија исто така со 2-0.
Весели во првото коло го совлада Џоди Вилијамс од Јужна Африка 4-0, потоа со истиот резлутат и Лоренцо Мореу од Италија, со 2-1 Валентин Лајснер од Германија и во четвртфиналето Ајнур Галеев од Русија.
Во категоријата до 55 килограми Абдурахим Идризи и Столе Смилковски с епоразени во првото коло, Идризи загуби 0-1 од Зијад Махмуд од Саудиска Арабија, а Смилковски од Фехер Петер од Унгарија исто така 0-1.
Димоска Маријана го освои бронзениот медал во кати во У-21. Таа ја совлада Нора Мартила од Финска, за во второто коло да загуби од Ема Браздова од Словачка која ја повече во репасажот, каде што извјојува две победи за бронзата против Иларија Паолети од Италија и Кристин Винингер од Австрија.
Нејзината сестра Мишела немаше среќа во репасажот бидејќи беше поразена под Лаура Шерк од Унгарија на една борба пред одлучувачката за медал. Таа ги победи Софија Киеза Алис од Италија и Клаудија Лаос Ло од Канада, а беше поразена од Терјана Д Онфорио од Италија.
Според она што го најави ВКФ, место за младинските Олимписки игри во Буенос Аирес-Аргентина во 2018 година обезбедија само Весели и Димоска.
Ipon.mk/В.Д.