Петар Белистојаноски, тренерот на сениорската карате репрезентација си поднесе оставка

Тренерот на сениорската карате репрезентација во борби Пеце Белистојаноски си поднесе оствака.

„Почитувани, сакам лично да ве известам дека до КФМ поднесов оставка, а со тоа и ја напуштам позицијата на тренер на сениорската државна репрезентација во борби“, напиша Белистојаноски на својот Фејсбук профил.


Во оставката испратена до Извршниот одбор и претседателот на Карате федерцаијата на Македонија вели:
„Ве молам да ја уважите оваа оставка од позиција тренер на сениорска карате репрезентација во борби на Македонија на 25.06.2017 година. Причината поради која ја напуштам оваа позиција е од лично-приватна причина.
Се заблагодарувам на соработката, укажаната доверба, шансата и пруженото знаење.
Ми беше чест и задоволство да работам со вас и репрезентативците и се надевам дека со својата безрезервна ангажираност помогнав во постигнување на повисоки резултати.
Ви посакувам големи успеси во иднина. Спремен сум да ви бидам на располагање за било каква помош“.


Во коментарот на оставката Белистојаноски истакнува:

„Во сите овие години со својата безрезервна ангажираност, која во многу случаеви беше и на моја штета, мислам дека придонесов за постигнување на што подобри резултати. Ми беше чест, задоволство, уживање, а и одговорност да бидам дел од вас и да работам со вас. Ви се заблагодарувам на поддршката која што ми ја дадовте и ќе ми недостасува работата со Емил, Марин, Жаре, Берат, Иво, Енко, Наташа, Симона, Сара, Моника……и сите други кои поминаа низ јуниорската и сениорската репрезентација (ѕвезди кои го кренаа македонскиот спорт високо); ќе ми недостига и дружбата, работата и конструктивните расправии со Арлинд, Аце, Бошко, Мирче, Елвир, Горан, Бесник, Драги….Но, доста е, и време е да се посветам малку на други работи, како кариерата на мојата фамилија, клубот, работата….Се надевам дека со сите ќе останеме во контакт и коректни односи и тука сум за каква било помош. Срдечен поздрав Петар Белистојаноски“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО