Златен медал за Бесир Алили, сребрен за Стефан Штерјов, бронза Мухамед Рамадани на „Злати Динев Родев“ во Бугарија (ФОТО)

Репрезентативецот Бесир Алили го освои златниот медал на Меѓународниот турнир во борење „Злати Динев Родев“ во Галбово – Бугарија, Стефан Штерјов сребрениот, а Мухамед Рамадани бронзениот.

Алили во финалето во една тешка борба го совлада Грузиецот Гиорги Гогриткијани.

 

Стефан Штерјов (-41 кг) во финалето загуби од Грузиецот Лука Гугешашвили и го освои сребрениот медал, а Мухамед Рамадани се закити со бронзен.

Овој престижен турнир за деца е единствен од оваа група што е официјално во годишниот календар на Обединетото светско за борење (ОБС/UWW).

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО