„Златен гонг“ е најпрестижната боксерска манифестација во Македонија кој годинава слави 50 години од неговото востанување. Од утре па до сабота во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржи овогодишниот турнир на кој ќе настапат боксери од осум земји.
Низ историјата многу боксери од Македонија ја освојувале оваа престижна манифестација, која дала посебен придонес за развој на македонскиот бокс, а пред се тука се Аце Русевски, Вели Мумин, Мустафа Алија, Реџеп Реџеповски, Гоце Јаневски, Примислав Димовски
„Јубилејот од половина век период од одржувањето на првата боксерска манифестација го става ‘Златен гонг’ на позиција на македонски спортски бренд“, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, потенцијрајчи го големиот придонес на манифестацијата во развојот на спортот.
Селекторот на македонската репрезентација Хесус Сојет рече дека неговите избраници се добро подготвени и дека очекува тие да прикажат добри борби и да се закитат со медал.
Четвртфиналните мечеви се закажани за утре (7 ноември) со почеток во 16 часот. Полуфиналето е в петок од 17 часот, додека финалните борби ќе се одржат в сабота со почеток во 15 часот.