Васко Мамучевски ќе настапи на Светското бодибилдинг првенство во Фуџаира

Од 6-10 ноември во Фуџаира, Обединети Арабски Емирати ќе се одржи Светско бодибилдинг првенство за сениори и светскиот Конгрес, а боите на Македонијаќе ги брани Васко Мамучевски.

Мамучевски е шампион на Македонија за 2019 година и победник на Дијамантскиот куп кој се одржа во Скопје во конкуренција на натпреварувачи од 27 држави од Европа.

Васко ќе го придружува претседателот на федерацијата Бобан Ѓороски кој на ова првенство ќе биде официјален судија и делегат на Конгресот. Покрај другото, ќе се обиде во најдобро светло да го промовира традиционалниот меѓународен натпревар „Дијамантски куп Скопје“ за следната година 2020.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО