Подготовките на Федор Емилијаненко за мечот кој го чека на 18 февруари се во полн ек. Најпопуларниот тешкаш во историјата на слободната борба ќе се врати на американска почва со борбата против Мет Митрион на Белатор 172.
Во каква форма легендарниот Русин ќе го дочека овој исклучителоно тежок испит тешко е да се процени и тоа допрва треба да го дознаеме. Но, додека не дојде тој момент, ќе мора да се задоволиме со овој краток увид во неговите подготовки.