Фергусон: Мек Грегор ќе побегне и нема да го брани појасот

toni ferguson RDA

И Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон се согласуваат дека нивната борба за преодната титула во УФЦ 209 треба да биде вистинскиот шампион.

32-годишниот Американец и четири години помлад Русин во почетокот на март ќе се бори за преодната титула во лесна категорија додека Конор Мек Грегор е неактивен.

„Ел Цуцуј“ кој е во серија од девет победи по ред мисли дека Ирецот ниту нема да ја брани титулата кога ќе се врати.

„Ова е борба за привремената титула треба да биде ебан..та вистинска титула. Дали сум малку луд за тоа? Да. Ќе сака ли таа мала кучка Конор да го брани својот појас? Веројатно не. Тој ќе побегне. Ајде. Бегај. Оди пробај да боксираш, па и таму да те претепаат, па кога ќе се вратиш подготвен ќе ти го земат појасот. Јас ќе го држам насловот во категоријата до 70 килограми, а тој ќе биде како: Јас си го сакам мојот појас назад. Ми се е.е“, изјави Фергусон за Фокс спорт.

„Искрено, кој го е.е. Тој има свое семејство, неговите работи, има полни раце работа. Тој е возрасен човек, може да ги решава своите срања. Истото важи и за мене. Јас сум тука за да  ги претепам сите во категоријата и нема никого да го поштедам од пртепување“.

„Ова е вистинска борба. Борбата меѓу Хабиб и Фергусон“.

Нурмагомедов се согласува и смета дека како што беше случајот во перолесна категорија, Мек Грегор само ќе го држи појасот без одбрана на титулата.

„Тој никогаш не ги бранеше своите појаси. Никогаш не ги бранеше Кејџ вориорс титулите, никогаш не ја одбрани титулата во перолесна категорија, а сега и во лесна категорија на УФЦ. Мислам дека ова нема да биде поинаку“, рече Нурмагомедов.

„Ќе видиме. Не размислувам многу околу тоа. Размислувам за Тони и се борбата на 4 март. Тоа е најголемата борба на мојот живот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО