Девет месеци надвор од октагон и сите се однесуваат како да е „Ерата на Ронда Русеј“ засекогаш завршена. Наместо доминација на една воинка денес во УФЦ во женската бантам категорија сме сведоци на вистинска „Игри на шампионите“.
Кралицата на женското ММА ја загуби титулата со брутален нокаут на УФЦ 193 во октомври минатата година. Сепак, ниту нејзината крвава противничка, Холи Холм, не успеа да ја задржи титулата и во првата одбрана е поразена од старата ривалка на Ронда Миша Тејт. Борбата продолжи така што Тејт со давење во првата рунда пред еден месец престижната титула и ја препушти на Аманда Нуњес.
И сега петорангираната бантамка и победничка на ТУФ на Жулијана Пена се надева дека токму таа ќе стане шампион, а Русеј ја отпиша со следниот коментар за ТМЗ:
„На никого веќе не му е грижа за неа и за нејзините дебели раце. Тоа е како царот без раце. Малку е скршена“.
Точно, Русеј уште некое време нема да биде голема тема во однос на самото натпреварување, бидејќи и е скршен черепот, филмски ангажмани, како и опреацијата на коленото ја одалечија од кафезот, најверојатно до почетокот на следната година, но кога ќе се врати,„Роуди“ ќе сака убедливо да ја врати титулата и да и покаже на останатите девојки дека „Играта на шамопионите“ е завршена.