Поранешниот шампион во перо категорија на УФЦ, Жозе Алдо ќе си ги испроба способностите во џиу џицу на Меѓународниот турнир на IBJJF во Рио де Жанеиро, Бразил, кој ќе се одржи од 28 до 30 јули. Ова ќе биде прво учество на Скарфејс на џиу џитцу турнир откако го победи светскиот шампион Рубенс Чарлс – Кобрина во 2004 година.
„За нас е чест што Жозе Алдо се пријавил во мастерс категоријата“ објавија од ИБЏЏФ. „Немаме трпение да видиме како ќе се претстави оваа ММА легенда во лесна категорија на нашиот турнир“, велат од оваа Федерација.
30-годишниот Алдо доаѓа со пораз со ТКО од Макс Холовеј на УФЦ 212. Пред тоа Бразилецот го победи Френки Едгар на УФЦ 200, а пред тоа беше поразен за 13 секунди со нокаут од Мек Грегор на УФЦ 194.