Жорж Сент Пјер сака да е првиот со победа над Хабиб Нурмагомедов

Веќе подолго време поранешниот шампион на УФЦ во лесна и средна категорија, Жорж Сент Пјер, се обидува да договори меч со сегашниот владетел на лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов.

Но, по неколку неуспешни обиди, „Раш“ се откажа од спортот и замина во пензија.

Но, што го натерало да бара битка само со „Орелот“? Се разбира, покрај големиот хонорар, би било супер за Жорж да велзе во историјата како прва личност што го победила опасниот борец од Дагестан.

„Битката со Хабиб е многу возбудлива за мене“, рече Сент Пјер.

„Јас, како и секој друг борец, сакам да се борам со некој кој се чини непобедлив. Некој кој нема пораз и е совршен борец. А таква аура има само Хабиб. И ако успеам да го победам, ќе бидам првиот.

Ова не е заради пари. Да, ги има, но тие не се во прв план. Повеќе е за слава, за задоволство, да се осигурувш дека името ќе ти остане запишано во историјата“.

https://www.instagram.com/p/Bo2W0mDBinp/?utm_source=ig_embed

Кога еден од најдобрите борци во историјата на УФЦ ви ја фали борбата, значи ја правите вистинската работа. А Нурмагомедов беше непогрешлив во текот на кариерата. Во професионалните борби, тој е 28-0, а во УФЦ 12-0.

Засега нема изгледи за ваква битка, бидејќи Канаѓанецот ужива во неговото пензионирање, а Нурмагомедов треба да ја одбрани титулата против Џастин Гајџ на УФЦ 253 во септември, но шампионот во моментов жали за загубата на својот татко. Како и да е, веста дека ќе го видиме повторно во кафезот оваа година е доста упорна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО