Жорж Сент Пјер им се враќа на натпреварувањата, во декември ќе настапи во граплинг меч

Еден од најголемите ММА борци во историјата, Жорж Сент Пјер, најави враќање во натпреварувањето.

Канаѓанецот на 14 декември ќе настапи на УФЦ Фајт пасс ивитејшонал, во чија програма се граплинг натпревари, а наскоро треба да го дознае и противникот.

„Ми требаше нешто. Не можам да живеам без натпреварувачки набој, сакам да се вратам назад и повторно да го почувствувам тој адреналин. Тоа е одлична работа за борците кои сè уште сакаат да се натпреваруваат, да заработат пари и да се забавуваат со навивачите, да бидат дел од семејството на УФЦ“, напиша Жорж Сент Пјер.

Канадскиот борец освои 26 победи во 28 професионални настапи. Два пати го освои шампионскиот појас на УФЦ во полусредна категорија, а девет пати ја бранеше титулата.

Во ноември 2017 година ја освои и титулата во средна категорија против Мајкл Биспинг, по што објави крај на кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО