Жорж Сент Пјер го продолжува лечењето

Легендата на ММА, Жорж Сент Пјер, сè уште не е подготвен да се врати во октагонот. Тој ја остави титулата на УФЦ од средна категорија откако се подвргна на лечење.

„Имам потреба да почекам за да може сите симптоми на чирот да стивнат. Сега работите се подобри, но се уште не сум здрав 100 отсто. Ако сега започнам со тренинзите, пак ќе се вратам во првобитната позиција. На прво место за мене е здравјето“, рече Сент Пјер.

Жорж Сент Пјер објасни дека дури и сега контролата на допинг на УФЦ не е доволна. Канаѓанецот пред неколку години изјави дека се повлекува од организацијата заради масовни злоупотреби.

https://youtu.be/8ho8Ytrn7gA

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON